12 јули, 2013

„Заборави на мене“ – нова песна од Мики Секуловски

Финалистот на Македонскиот Идол, Мики Секуловски и Sky Eye Entertainment го промовират новиот сингл на Мики. Темата која го носи насловот „Заборави на мене” е всушност рок балада, но се карактеризира со голема енергичност која е препознатлива во песните на Мики.

Музиката и аранжманот се на Зоран Алексиќ, текстот го напиша самиот Мики додека гитарите во песната му припаѓаат на Ристе Шандаров. „Заборави на мене” ќе добие видео запис кој е веќе во подготовка, но најверојатно премиерата би била некаде во септември.

Овој период покрај активните настапи на Мики, тој активно работи и на деби албумот кој се очекува да се појави до крајот на годинава.



Врати се горе ↑