Концерт 15726287_1589717907722090_5797303948369389131_n

4 јануари, 2017

„Заборавени песни“ – традиционален Василичарски концерт

„Заборавени песни“ е насловот на годинешниот, традиционален концерт по повод Василица, кој ќе се одржи на 12 јануари, четврток, во Македонската опера и балет. Овој пат публиката ќе ужива со традиционални македонски песни во изведба на Андријана Јаневска и оркестарот на МОБ, во аранжман на Илија Пејовски и под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Настанот во режија на Љупка Јакимовска е со почеток од 20 часот, а влезниците се во продажба во ЈУГОТОН (ГТЦ 1 кат), билетарница на МОБ (02 3118 451), и онлајн на mob.mk и mktickets.mk.

15894229_1596135310413683_4707102300382584279_n



Врати се горе ↑