Македонија 11988772_10208197536518119_579082925504989694_n

21 ноември, 2015

За време на одлучувачкиот настап, Македонија оштетена на детскиот Евросонг‏

Ве информираме дека на вчерашната генерална проба, која воедно е и одлучувачка, т.е е официјален настап на кој жири комисијата ги дели своите гласови кон настапувачите, Македонија за жал технички беше оштетена. Станува збор за технички проблем, т.е едниот од двата микрофони на Ивана и Магдалена не проработи. Поради тоа, на нашите претставнички им беше дозволено да настапат повторно на крајот од пробата, но сепак гласовите веќе беа дадени и пресметани.

Сепак, ваквиот гаф кој прави голем неспокој и вознемиреност и кај многу поискусните изведувачи, кај Ивана и Магдалена, по првичниот шок, не делуваше негативно, па девојките се вратија на сцената и ја имаа најдобрата изведба досега. Токму затоа на денешниот настап, на кој Македонија ќе настапи со редниот број 9, ќе биде потребна голема подршка од нашите фанови надвор од границите и Македонците ширум светот, бидејќи само тие ќе имаат можност да гласаат по СМС за нашите Ивана и Магдалена.

Главен медиумски спонзор и покровител на Детската Евровизија е Македонската Радио Телевизија, а преносот на истата започнува во 19.30 минути на првиот програмски сервис – МРТ1.

Додека ја очекуваме вечерашната манифестација, погледнете ја прес конференцијата и настапот на втората генерална проба на нашите претставнички. Среќно!



Врати се горе ↑