Македонија елена

9 септември, 2017

За што одбројува денови Елена Ристеска?

Елена Ристеска го започна летото со хитот „Tequila and Lemon“, а се чини дека ќе го заокружи со ново видео. Имено, пејачката деновиве сподели фотографија на која танцува заедно со девојките од „Битрикс кру“, користејќи ги ознаките „бројам денови“, „ново видео“ и „наскоро“. Сè уште не е познато дали станува збор за екранизација токму на „Текила и лимон“, или пак за сосема нова песна.

ер1

ер2

После објавувањето на албумот „Без шминка“ (2015), таа повторно влезе во студио, од каде што објави фотографија со долгогодишните соработници Дарко Димитров и тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски, па се надеваме дека тоа беа само подготовки за уште еден албум од популарната пејачка. Додека го очекуваме најновото од неа, уживајте со актуелниот летен хит „Tequila and Lemon“!

Фотографии: Инстаграм



Врати се горе ↑