Настани

2 јули, 2019

За првпат во Скопје, „Самерленд 2019“

Во текот на речиси целиов месец, од 4 до 28 јули во Градскиот парк во Скопје за првпат ќе се одржува фестивалот „Самерленд“ (Summerland).

Секој ден добра музика, зона за забава со игри, детска катче за најмладите, хуманитарни и едукативни настани, изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, кино на отворено и многу други забавни нешта се најавени како дел од програмата на фестивалот, кој е под покровителство на Град Скопје.

Официјалната програма ќе биде објавена наскоро, а истата ќе се одвива секој ден од 18.00 часот до 00.30 по полноќ. Забавата започнува в четврток со концерт на „Нокаут“, а за повеќе детали следете ги настанот и фан-страницата на „Самерленд на Фејсбук.



Врати се горе ↑