За Вас ds

16 јули, 2015

За нешто да се промени, #ДелувајСега

Денес на фан страните на Фејсбук на некои од нашите медиуми се објавија постови со хаштаг  #ДелувајСега. Освен постовите, така се појави и нова фан страница на Фејсбук, која засега не ја открива пораката, како и причината поради која се појави. Она за што се знае како факт е дека климатските промени како на луѓето низ целиот свет па така и на македонските граѓани во последните неколку години им влијаат повеќе од очекуваното.

Нашиот денешен начин на живот се здобива со забрзан ритам до оној степен каде самите ние почнуваме да живееме во средина која е загадена, опасна, а многубројни животински видови се загрозени токму поради овие нагли промени кои сè повеќе земаат замав. Како на глобално ниво, така и кај нас тие појави се очигледни. Освен граѓаните, климатските промени го засегаат и туризмот, земјоделството, шумарството и водите. Ние зависиме од нашето здравје, а тоа зависи од средината во која живееме.

Климатските промени зависат од нас, ние сме двигатели, главни виновници, но и херои кои можат да променат и делуваат. Дали можноста да се пронајде надежна сегашност и иднина, лежи токму во наши раце и дали секој од нас може нешто да промени?

Времето дојде!  #ДелувајСега

 

 



Врати се горе ↑