Аудио пв

21 март, 2016

„За мало њежности“ е новиот сингл на „Парни ваљак“

Популарната хрватска група „Парни ваљак“ деновиве го претстави својот нов сингл насловен „За мало њежности“. Предводен од познатиот музичар Аки Рахимовски, бендот неодамна прослави 40 години постоење, а после објавувањето на 18. по ред студиски албум „Нема предаје“ (2013), минатата година го промовираше и синглот „Само ти (Норма Бел)“.

„За мало њежности“ засега има само аудио верзија, а сè уште не е познато дали и кога ќе добие видео запис. Како звучи оваа прекрасна балада можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑