Аудио Ludezene1

12 март, 2014

За „Лудите жени“ сè е „Црно и бело“

Песната „Црно и бело“ е најновиот сингл од актуелниот, втор по ред и доста фален албум „Армија лавова“ на групата „Луди жени“. „За објавувањето на овој сингл има два повода. Првиот е завршувањето на нашата успешна мини турнеја во чии рамки посетивме десетина градови од земјата и регионот и секаде бевме одлично примени. Втората причина е неодамнешниот почеток на работата на нашиот трет албум на кој повторно ќе соработуваме со нашиот пријател, продуцентот Саша Јанковиќ – велат членовите на оваа група.

„Црно и бело“ е четврти по ред сингл и песна која на концертитте се издвои како една од фаворитите. За сингловите „Моја драга“, во која вокалните делови ги презеде легендарниот Зоран Предин и „Лету ќе скоро крај“, Лудите жени веќе снимија и објавија видео записи.

„Се надеваме дека сè околу новиот албум ќе биде готово до почетокот на есента и веруваме дека крајниот резултат ќе биде добар. До тогаш, слушајте ’Црно и бело’“ – порачуваат од таборот на Лудите жени, а целиот албум „Армија лавова“ можете бесплатно да го симнете од овој линк.

 

 



Врати се горе ↑