Видео

1 јуни, 2019

За Кејти Пери никогаш не е крај!

По кусото отсуство од топ-листите, Кејти Пери се враќа со нов сингл и потенцијален летен хит кој го носи насловот „Never Really Over“. Продуцирана од Зед и Дримлеб (Dreamlab), користејќи примерок од „Love You Like That на Дегни, песната е химна за ослободувањето од сè она што нè држи назад и не ни дозволува да продолжиме со животот.

„Има многу начини да ја одбереш твојата авантура во денешно време. Можеш да бидеш во најдобриот и најсреќниот момент од твојот живот, и тогаш ќе ја добиеш онаа СМС порака што ќе те падне на колена…“, вели Кејти во разговор со „Епл мјузик“, но додава дека оваа песна е за продолжувањето понатаму. „Сè што си правел во минатото те довело до каде што си сега. Верувам дека сите ја имаме можноста да бидеме најдобрите верзии од себе, но треба да го одбереме тоа“, заклучи таа.

Новиот сингл и вовед во нејзиниот петти студиски албум го екранизираше режисерката Филипа Прајс, а како изгледа и звучи овој потенцијален десетти број 1 сингл на Кејти Пери, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑