Видео

5 јули, 2019

За Давид Темелков „Сè е минливо, освен твојата љубов“

Давид Темелков продожува успешно да ја гради својата музичка кариера во Хрватска, но и на целиот Балкан, а најнов во низата хитови што се родија како плод од соработката со познатиот автор Мирослав Рус е синглот „Све је пролазно осим твоје љубави“. Станува збор за песна со која талентираниот Македонец настапи на годинашното издание на фестивалот „ЦМЦ“ (CMC) во Водице.

„ЦМЦ со својата сила и влијание стана еден од водечките музички фестивали, не само во Хрватска, туку и во целиот регион. Да се биде на тој фестивал стана вистински престиж и ние бевме таму наоружени со мојата нова песна во изведба на импресивниот Давид Темелков. Песната е во ритамот на летото и верувам дека луѓето ќе ја препознаат како таква“, изјави Мирослав Рус.

Песната сега си доби и своја визуализација, од која дел е снимен во режија на продукцијата „Хит“, додека остатокот е од самиот настап на фестивалот.

„Летото и сонцето носат ведрина во сечиј живот, па се надевам дека и оваа песна ќе разведри нечиј ден! Драги мои, уживајте во летото, одморете се, пејте и забавувајте се, бидејќи и летото е минливо. Сè е минливо освен љубовта, нели? Мило ми е што со оваа песна годинава се претставив пред публиката во Водице, така што со фестивалот ЦМЦ ја отворивме сезоната на забави и летно лудило. Ми беше задоволство да пеам со вас“, истакна Давид.

Извор: Дневник.хр



Врати се горе ↑