Свет artpop-ladygaga

1 декември, 2012

За албумот ARTPOP Гага подготвила 50 песни

Како што пишува магазинот Idolator, за новиот албум „ARTPOP“ кој за следната година го најавува Лејди Гага, до сега се знае сешто и ништо! Познато е тоа што албумот ќе биде претставен и како „мултимедијално искуство и во форма на апликација“ за популарните мобилни оперативни системи, дека на него ќе се најде и продолжение на песната „Telephone“, дека веројатно ќе биде објавен како две различни изданија („мејнстрим“ и “алтернативно“), дека можеби на албумот ќе се најдат и песните „G.U.Y. (Girl Under You)“, како и „Cake“… А најновото што пејачката го откри на нејзиниот Твитер профил е тоа што за новиот албум има подготвено околу 50 песни. Како што понатаму објаснува Гага на Твитер, ова за неа не е ништо необично, бидејќи исто толку материјал имала подготвено и за проектот „The Fame/The Fame Monster“.

Гага во изминатиот период имаше турнеја, а во очекување е и провокативниот видео запис за „Тортата“, кој ги шокираше фановите со 2 промотивни клипови од по 15 секунди.

 



Врати се горе ↑