Аудио ns-yl

4 јуни, 2014

„Your Love“ е новиот сингл на Никол Шерцингер

По неколкумесечна подготовка, деновиве конечно стигна новиот сингл од Никол Шерцингер, а песната насловена „Your Love“ е наследник на минатогодишниот хит „Boomerang“со кој пејачката го најави својот долгоочекуван нов студиски албум. За новиот сингл Шерцингер соработуваше со продуцентите Д Дрим (The-Dream) и Трики Стјуард, кој се потпишал на хитови како што се „Umbrella“ на Ријана, „Touch My Body“ на Мараја Кери и „Single Ladies“ на Бијонсе. „Your Love“ доби и текстуален видео запис кој можете да го погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑