Настани 10170942_478802708886606_598795315_n

31 март, 2014

XO и Експо Центар со одлични забави за Денот на шегата

За 1 април, клубот ХО  и Експо центар Ви ги нудат најдобрите журки во главниот град. Вашиот водич за одлично урбано искуство, за Денот на шегата Ви ја најавува првата маскенбалска хип-хоп вечер, заедно со одличниот Гоце САФ во ХО клуб.  Предизвикот да се движите на хип хоп битовите на најпознатите светски траки, овојпат сокриени под првоаприлските маски е она што оваа журка ја прави посебна, директно од срцето на главниот град. За најдобрите маски, ХО подготви награди кои ќе ја наградат Вашата креативност и ќе ја направат вашата вечер посебна. Бидејќи ХО клуб нуди Х можности!

Експо центарот пак, со гордост Ви го најавува првоаприлскиот Маскенбал заедно со диџеите на Сити радио Бабура, Бранчез и Боби. Уникатниот концертен центар е подготвен за уште една журка за паметење, овојпат дополнета со креативноста која ќе ја покажете преку маските кои ќе ги носите. Влезниците се по цена од 200 денари. Експо центар ја продолжува традицијата на одржување настани кои го менуваат критериумот за добра журка. Затоа, не пропуштајте ја можноста да бидете дел од големиот првоаприлски маскенбал во Експо центар.

Овој 1 април поминете го најурбаните места во градот, ХО клуб и Експо Центар!



Врати се горе ↑