Балкан kaliopi-vucica

16 февруари, 2014

X Factor: Во следната емисија ќе гостува Калиопи!

По пауза од две недели поради грипот и настинките на дел од натпреварувачите и продукцијата, за вторник се подготвува шестата финална емисија во живо, а деновиве беше најавена и ѕвездата која ќе гостува во ревијалниот дел за време на гласањето. (Конечно) станува збор за македонската дива Калиопи, која е пресреќна што ќе гостува во овој популарен натпревар: „X Factor е најголемото светско шоу кое гоја освои планетата. Да се биде или не, адреналин, модерна драма која ни самиот Шекспир не би ја исценирал подобро. За мене е голема среќа што ќе бидам гостинка на X Factor!“ – изјавила Калиопи.

Во последната емисија во живо натпреварот го напуштија девојките од групата 4U, така што во трка за главната награда остануваат уште 9 кандидати, односно 8 солисти и една група. Во изминатите емисии гостуваа повеќе регионални музички ѕвезди меѓу кои светски познатото хрватско дуо 2Cellos, Јелена Розга, Дорис Драговиќ, Хари Варешановиќ, како и светската ѕвезда и победничка на Евровизија во 2012 година – шведската пејачка Лорин.



Врати се горе ↑