Балкан 1528590_722188361127539_24305276_n

24 декември, 2013

X Factor: Вечерва вториот дел од „Домовите на судиите“

По најсуровата фаза од  X Factor – регрутниот камп, минатата недела беа прикажани и последните селекции на категориите девојки и момчиња, односно фазата наречена „Домовите на судиите“. Тешката задача да изберат по 3 од 6-те кандидати во секоја категорија ја имаа судиите Кики Лесендриќ, кој е одговорен за девојките и Емина Јаховиќ за момчињата. Во куќата Кики гостуваше неговиот долгогодишен пријател Скот Милс, кој е познат радио водител на британското радио BBC, а на Емина ѝ помогна нејзниот сопруг Мустафа Сандал, кој исто така е познат турски музичар.

Од 6-те девојки понатаму ќе продолжат само Тамара Милановиќ, Алесандра Брковиќ и Илма Карахмет, а момците кои повторно ќе ги видиме се Лукијан Ивановиќ, Алекса Перовиќ и Харис Ќато. Но, ова не е крај ни за отпаднатите 6 кандидати бидејќи 2 од нив ќе имаат можност да се вратат во игра, а одлуката е во рацете на гледачите со тоа што за секој од нив може да се гласа овде. Правилата се следните: По еден натпреварувач со најголем број гласови од секоја категорија ќе се појави во првата вечер во живо, кога гледачите дефинитивно ќе одлучат кои од тие 4 натпреварувачи ќе продолжи да се бори за главната награда.

Во вечерашната емисија ќе имаме можност да видиме кои 6 кандидати ќе продолжат да се натпреваруваат во финалните вечери, а тешките одлуки ќе бидат во рацете на менторите Жељко Јоксимовиќ за категоријата постари од 27 години и Кристина Ковач за категоријата групи. Токму во овие две категории ги имаме преостанатите македонски претставници и тоа Даниел Кајмакоски, Филип Јаневски – Фифи, Урош Туркулов и Иван и Кико Раденови. Во одлуката кои кандидати ќе продолжат понатаму, на Жељко ќе му помогне колегата од Хрватска, познатиот музичар Тони Цетински, а Кристина ќе се консултира со колешката Леонтина Вукомановиќ.

Настапите во живо ќе започнат на 7-ми јануари. Доколку ги пропуштивте настапите на кандидатите од минатонеделната епизода, истите можете да ги погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑