Балкан x-factor-adria

18 февруари, 2014

X Factor: Вечерва продолжуваат емисиите во живо

По пауза од една недела, вечерва со почеток од 21 часот на телевизија Сител ќе се емитува шестата финална емисија на регионалниот X Factor, а ќе се натпреваруваат 9 кандидати, осносно 8 соло пејачи и една група. Минатата недела емисијата беше откажана поради епидемија од грип, но кандидатите веќе оздравеле и изминативе денови вредно се подготвуваат за вечерашниот настап.

Во изминатите 5 емисии натпреварот го напуштија Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ, групата H2O, Александра Секулиќ и групата 4U, оставајќи ја категоријата групи на Кристина Ковач со само 1 кандидат, односно групата Доктори, додека по 3 кандидати имаат категориите момчиња и девојки на Кики Лесендриќ и Емина Јаховиќ, а Жељко Јоксимовиќ во категоријата постари од 27 години има 2 кандидата.

Вечерашниот репертоар ќе биде разновиден бидејќи натпреварувачите ќе изведуваат домашни и странски хитови, а редоследот на настапи е следниот: 1. Тамара Милановиќ, 2. Даниел Кајмакоски, 3. Лукијан Ивановиќ, 4. Илма Карахмет, 5. Харис Ќато, 6. Маид Хеќимовиќ, 7. Алекса Перовиќ, 8. Доктори и 9. Александра Брковиќ.

Во ревијалниот дел за време на гласањето ќе настапи нашата поп дива Калиопи:  „X Factor е најголемото светско шоу кое гоја освои планетата. Да се биде или не, адреналин, модерна драма која ни самиот Шекспир не би ја исценирал подобро. За мене е голема среќа што ќе бидам гостинка на X Factor!“ – изјавила пејачката.

Во продолжение погледнете го последниот настап на групата 4U која го напушти натпреварот во минатата емисија.

 



Врати се горе ↑