Свет Lillie-McCloud-Alabaster-Box-The-X-Factor

13 септември, 2013

X Factor US: Како да ѝ е двојничка на Витни Хјустон

Во тек се подготовките и за нашиот регионален X Factor, а во САД и Велика Британија веќе започнаа да се емитуваат првите емисии. Деновиве се емитуваше првата епизода од американската верзија, чие жири го предводи главниот виновник за оваа емисија, легендарниот Сајмон Кауел, а друштво му прават пејачките Деми Ловато, Кели Роланд и латино ѕвездата Паулина Рубио.

Уште на самиот почеток имаше неколку впечатливи аудиции, но сигурно најголемо внимание привлече 54-годишната Лили Меклауд, која има три деца и седум внуци. Беше вистински шок за жирито и публиката кога ги откри своите години, бројка која изгледаше неверојатна за сите присутни. Не само што изгледа барем 20 години помлада, туку и неверојатно многу наликува на покојната дива Витни Хјустон. Нејзиниот одличен настап (кој мора да го видите) доби одлични критики од целокупното жири, кое стана да аплаудира заедно со публиката. Кели Роланд се расплака и ја праша каде се криела до сега, Сајмон го пофали нејзиниот неверојатен глас, а ни Деми Ловато не jа криеше возбудата велејќи дека било исто како да ја слуша Витни и дека можеби нејзиното време е токму сега. Во продолжение уживајте во изведбата на песната „Alabaster Box“, од истоимениот албум на Сиси Винанс од 1999 година.

 



Врати се горе ↑