Балкан foto_doktori

24 февруари, 2014

X Factor: Следната емисија во знакот на филмската музика

Утревечер (вторник, 25-ти февруари) со почеток од 21 часот ќе се емитува седмата финална емисија од музичкиот натпревар X Factor, а натпреварувачите овој пат ќе се претстават со теми од домашни и странски филмови и серии. Откако минатата недела натпреварот го напушти младиот Харис Ќато, утревечер ќе ги видиме изведбите на преостанатите 8 кандидати, меѓу кои и единствениот Македонец Даниел Кајмакоски чиј број на фанови и поддржувачи секојдневно се зголемува: „Многу ми се допаѓа песната која ја добив, секојдневно се подготвувам за настапот и мислам дека ова ќе биде мојата најтешка задача до сега.“- изјави миленикот на целиот Балкан, кој неодамна ја доби и својата прва награда за Откритие на годината на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.

На истата манифестација својата прва награда ја доби и самиот проект X Factor кој беше прогласен за Најпопуларен балкански музички проект: „Многу сме почестени што нашите финалисти имаат верна публика во Македонија. Им благодариме на организаторите за оваа престижна награда!“ – изјавија од МБК продукција.

Во ревијалниот дел од утрешната емисија ќе настапи уште една позната музичка ѕвезда чие име за сега се држи во тајност, а за кого станува збор ќе дознаеме утревечер.



Врати се горе ↑