Балкан iks-faktor

3 септември, 2013

X Factor: Преку 8000 пријавени, најмногу од Србија и Македонија

Завршија предаудициите за најпопуларната музичка емисија X Factor, а во седумте градови каде што се одржуваа, ги посетија преку 8000 луѓе. Најголем интерес имало во Србија и Македонија, а продуцентите се многу задоволни од одзивот на потенцијалните учесници, пренесува Mondo.rs.

„Продукцијата ќе има тешка задача да селектира 300 најдобри кандидати, кои подоцна ќе настапат пред жирито и публиката. Учество во жирито е доста значајна работа во сите земји во кои се прикажува оваа емисија, а имињата на членовите на жирито од првото домашно издание на емисијата ќе бидат објавени наскоро.“ – изјавила Милена Поповиќ, ПР менаџер на X Factor.

Првопласираниот, второпласираниот и третопласираниот натпреварувач на првиот X Factor ги очекуваат вредни награди. Победникот го очекува снимање на албум, снимање барем два-три видео записа, парична награда и луксузен автомобил. Исто така, суперфиналистите ги очекува и комплетна ПР поддршка од страна на „МБК продукција“ и ТВ Пинк, како и музичка турнеја низ регионот, веднаш по завршувањето на натпреварот.

X Factor ќе се емитува од октомври на телевизија Пинк во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија, а суперфиналето кое ќе се одржи во февруари во „Комбанк Арената“, со својот настап ќе го збогати и една светска музичка ѕвезда.

Извор: mondo.rs/Фото:  X factor(фејсбук страница)



Врати се горе ↑