Балкан 1013395_629293267083716_1340208402_n

8 август, 2013

X Factor: Предаудиции во Скопје на 25-ти август

Една од најпопуларните музички емисии во светот X Factor од оваа есен ќе започне да се емитува и во нашиот регион вклучувајќи ги земјите Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Сè уште не се познати музичките имиња кои ќе бидат дел од четиричленото жири, но секако дека станува збор за врвни професионалци од светот на музиката, кои покрај професионалниот квалитет поседуваат и добри педагошки способности. Жирито има многу важна улога во оваа емисија со оглед на тоа што активно ќе учествува во професионалниот и личниот развој на кандидатите.

Победникот ќе добие комплетен албум и два видео записа

Со оглед на тоа што станува збор за лиценциран ТВ формат, постои голема можност кандидатите да бидат забележани од вистинските луѓе од Sony Music. Иако понатамошниот успех во кариерата зависи пред сè од самите кандидати, кога зборуваме за кариера на нашите простори, нештата се сосема извесни. Победникот сигурно ќе добие комплетен албум, како и минимум два видео записа, а постои можност и останатите финалисти да добијат свои музички првенчиња. Исто така, во рамките на музичката турнеја по завршувањето на проектот, финалистите ќе бидат претставени пред домашната публика и голема е веројатноста дека некои од нив ќе имаат успешна кариера.

Каква ќе биде сценографијата?

X Factor е лиценциран проект, што значи и самата сценографија ќе биде во склад со јасно одредени правила на продукцијата Freemantle, како и во склад со врвната музичка продукција која ја следи оваа емисија. Како ќе изгледа сето тоа ќе видиме на 14-ти октомври, кога ќе започне емитувањето на емисиите, како и на суперфиналето во Комбанк арената на 10-ти февруари.

Колку кандидати се пријавиле до сега?

Пријавувањето е во тек, а досегашниот интерес од регионот, но и од дијаспората е огромен! До сега се пријавиле околу 8000 кандидати, а се очекува бројот на пристигнати пријави да го премине бројот од 10 000. Предаудициите ќе се одржат во следните градови: Будва (20.08.2013), Сараево (22.08.2013), Бања Лука (23.08.2013), Скопје (25.08.2013), Ниш (27.08.2013), Нови Сад (28.08.2013) и Белград (30 и 31.08.2013).

Сите информации можете да ги дознаете на xfactor-srbija.blogspot.com  или на официјалната страница на Фејсбук: X FactorAdria 



Врати се горе ↑