Балкан 1240112_669027059777003_868261742_n

12 септември, 2013

X Factor: Одржана првата прес конференција со комплетното жири

Откако беше објавен комплетниот состав на жирито кое ќе одлучува за судбината на кандидатите од Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои се пријавија на првото издание од регионалната музичка емисија X Factorденовиве се одржа и првата прес конференција со Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач, Емина Јаховиќ и Кики Лесендриќ, кои одговараа на бројните прашања на новинарите.

Општиот впечаток е дека МБК продукција, која е сопственик на лиценцата за нашиот регион, направи одличен избор и дека жирито во овој состав ќе има голем придонес за емисијата која нè очекува веќе од 22-ри октомври. Кристина Ковач признала дека е голем фан на X Factor (особено британскиот), па со самото тоа одлично ги познава правилата и текот на натпреварувањето, како и праксата од останатите земји. Таа отворено признала дека со голема возбуда ја прифатила поканата да се приклучи на овој проект и дека како жири и ментор ќе го даде максимумот од себе.

Емина изјавила дека е горда што ќе биде дел од жирито, како и тоа дека во своите одлуки ќе се потпира на разумот, но и на срцето, кое во приватниот живот секогаш го слуша внимателно. Уште на самиот почеток беше јасно дека токму таа ќе биде најемотивниот член од жирито и со самото тоа одличен баланс на помалку воздржаните и рационални момци. Жељко Јоксимовиќ како и секогаш останал воздржан, сталожен и со малку строг настап, па воопшто не беше чудно тоа што новинарите прашале дали тој ќе ја има улогата на Сајмон Кауел, чии коментари секогаш имаат најголема тежина. Познатиот музичар признал дека (сè уште) не знае многу детали околу овој музички натпревар.

Веќе на првата конференција, продукцијата го “тестираше“ четиричленото жири со тоа што дури четворица новинари отпеале по една песна, а нивната задача беше да дадат коментар, како што веќе за неколку дена ќе имаат можност да направат и со кандидатите кои поминаа на предаудициите. Солидните вокални способности на новинарите не им оставија многу простор за негативни коментари, а како изгледаше сето тоа можете да видите во продолжение.

 

Продукцијата уште еднаш истакна дека за предаудициите се пријавиле над 8000 кандидати, а квалитетот на натпреварувачите ќе биде на високо ниво какво што не сме виделе до сега. Снимките од кандидатите од предаудициите се прегледуваат во моментов, а тие кои ќе одат понатаму, за следните чекори ќе бидат известени преку телефон. Следната фаза – аудициите – ги носи кандидатите пред жирито кое ќе одлучи кој од нив ќе преминат во следниот круг. Понатаму кандидатите ќе бидат поделени во четири групи: момчиња, девојки, пејачки групи и кандидати преку 30 години.

Емитувањето ќе започне на 22-ри октомври, а наскоро ќе следат и поопширни информации за сè што нè очекува во првата сезона од најпопуларниот натпревар на музички таленти.

 

Извор: mjuznews.com /Фото:  X Factor Adria



Врати се горе ↑