Македонија x-factor-adria

4 февруари, 2014

X Factor: Од денеска нови цени за СМС пораките

Вечерва со почеток од 21 часот ќе се емитува петтата финална вечер од регионалниот X Factor, а започнувајќи од денеска цените на СМС пораките во Македонија ќе бидат намалени во однос на претходната цена. Имено, за досегашните четири емисии 1 СМС порака чинеше 43 денари, а од вечерва па до самиот крај на натпреварот 1 СМС порака ќе чини 23,6 денари. Оваа цена е иста за сите мобилни оператори во Македонија, односно пораките испратени од T-Mobile, VIP и ONE ќе имаат иста цена.

Исто така, веќе од четвртата финална вечер која се одржа на 28-ми јануари, покрај гледачите од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, можност да гласаат имаат и гледачите од Хрватска и Словенија. Сите информации околу редните броеви на натпреварувачите, како и начинот на гласање можете да ги видите на интернет страната www.xfactoradria.com. Редоследот на настапи, како и редниот број на натпреварувачите се менува секој вторник.

 



Врати се горе ↑