Балкан x-factor-adria

7 март, 2014

„X Factor не е наместен!“

Откако Илма Карахмет го напушти натпреварот во последната финална емисија пред големото супер финале на  X Factor, популарниот музички проект се најде во центарот на вниманието поради бројните обвиненија дека победата ќе биде наместена. Со оглед на тоа што најмладата учесничка важеше за еден од фаворитите, сè поголем е бројот на оние кои се сомневаат во регуларноста на гласањето. Еден од нив е и познатиот менаџер Велибор Џаровски Џаро кој за српски Телеграф изјавил дека натпреварот е наместен.

„Апсолутно мислам дека целото шоу е наместено, а тоа ми беше јасно во вторникот кога испадна Илма“ –  изјавил Џаро, додавајќи: „Се сомневав од самиот почеток. Знаете дека во првенствата не се местат сите утакмици, туку само една. А онаа од вторникот беше наместена. Кога во кладилница ќе ме прашаат кој ќе испадне, веднаш погодувам, а последниот пат реков дека не смеат да испаднат Докторите и Лукијан, бидејќи така Кристина и Емина би останале без кандидати, а тоа не смее да се случи. За Илма рекоа дека е премлада, па затоа ја исфрлуваат.“

Иако финалистите ги бира публиката, а жирито го дава само завршниот збор, Џаровски тврди дека гласовите намерно се бројат погрешно: „И самите знаете колку од нив се жалеа дека не можеле да гласаат. Не е важно кој гласа, туку кој ги брои гласовите. Сè додека продукцијата не состави новинарско жири кое нема да биде потплатено, а ќе го регулира текот на гласањето, овој натпревар ќе биде наместен. Па ова е Балкан, овде 90% од програмите се наместени! Жал ми е само за Даниел, кој заедно со Илма е единствениот фаворит. Го предупредив неговиот тим дека финалето ќе биде наместено и да ја извести публиката да не праќа пораки, бидејќи ќе бидат украдени!“ 

На забелешката дека X Factor е странска лиценца, поради што неговите обвиненија можат да звучат несериозно, Џаровски изјавил: „Нема врска тоа! Да, ова е странска емисија, но ова е Балкан, прилагодено е на нашиот менталитет, овде не смее да се случи менторите да останат без кандидат и затоа Маид и Илма мораа да бидат во дуел, бидејќи Жељко веќе го има Даниел, а Кики Тамара, додека Кристина и Емина имаат по 1 натпреварувач, односно група. Со тоа Ви е објаснето сè.“ – заклучил познатиот менаџер.

 МБК демантира

По оваа изјава на Џаровски, се огласи и портпаролот на МБК продукција, Милена Поповиќ која тврди дека сигурно нема местенки и дека тоа е невозможно: „Знаете како, мислам дека ваквите тврдења на некои личности не треба ни да ги коментираме. X Factor работи по странска лиценца која ја плативме многу скапо. Таа иста емисија се емитува во 43 земји и е сосема непотребно да разговараме за местенки. Постои Библија со многу строги правила кои потполно ги почитуваме. Емисијата е купена и постои тим од ’Ендемол’ кој разговара на англиски јазик, бидејќи станува збор за сериозен проект. Тие во целост го следат и регулираат текот на натпреварот и гласањето, така што не постои место за каква било грешка. Затоа ни Даниел, ни кој било друг од финалистите не може да биде поткраден.“изјавила Поповиќ.

Со оглед на тоа што ова е сериозна приказна која им носи популарност на сите, сите поканети и непоканети се дрзнуваат да коментираат и да си обезбедат себеси уште малку медиумски простор. Саморекламерите измислуваат местенки за да си ја зголемат сопствената популарност. Тоа е навистина смешно и непотребно. Продукцијата не сака повеќе да го коментира случајот со Џаровски“ – заклучи Поповиќ.

 



Врати се горе ↑