Балкан haris-cato

19 февруари, 2014

X Factor: Натпреварот го напушти Харис Ќато

Синоќа се емитуваше шестата финална вечер од регионалниот X factor, во која настапија преостантите 9 натпеварувачи. Вечерта ја отвори Тамара Милановиќ со изведбата на баладата „Skinny Love“ од американскиот инди фолк бенд Бон Ивер (подоцна препеана и од британската пејачка Брди), а веднаш по неа настапи нашиот Даниел Кајмакоски со една од неговите омилени песни, баладата „Stay“ од познатото дуо Хртс.

 

Трет настапи Лукијан Ивановиќ со негов аранжман на „Брод у боци“ од Оливер Драгојевиќ, кој за жал не доби многу позитивни критики од жирито, а особено воодушевување предизвика изведбата на младата Илма Карахмет која ја отпеа познатата балада „Hurt“ од Кристина Агилера.

 

 

Петтиот настап беше резервиран за младиот Харис Ќато и „Није хтјела“ од Кемал Монтено, по кој следеше неговиот сограѓанин Маид Хеќимовиќ со евровизиската балада „Остани“ од хрватскиот музичар Горан Каран.

 

Една од своите омилени песни отпеа и шармантниот Алекса Перовиќ кој настапи со „Погледи у тами“ од Сергеј Ќетковиќ, Докторите го имаа својот најдобар настап до сега изведувајќи ја „With Or Without You“ од U2, а последна настапи Александра Брковиќ со познатиот хит „Back To Black“ од Ејми Вајнхаус. Сите настапи од синеќешната шеста финална емисија можете да ги погледнете во продолжение.

 

Како специјална гостинка оваа вечер настапи нашата дива Калиопи која ја отпеа евровизиската „Црно и бело“, како и темата „Опрости“ од нејзиниот актуелен албум „Мелем“. Нејзините настапи можете да ги видите во продолжение.

 

 

Откако заврши гласањето, 2 од преостанатите 9 натпреварувачи се соочија со двобој, а тоа беа Харис Ќато и Лукијан Ивановиќ, и двајцата кандидати од категоријата момчиња на Емина Јаховиќ. По изведбите на песните за спас, Жељко и Кики гласаа да остане Лукијан, додека Кристина го поддржа Харис. Сепак, крајната одлука отиде во рацете на публиката, па така со најмал број гласови натпреварот го напушти 14-годишниот Харис Ќато од Босна и Херцеговина.

Последната изведба на Харис беше исто така песна од Кемал Монтено, односно темата „Душо моја“, додека Лукијан го отпеа актуелниот хит на Џејмс Артур, третиот сингл од неговиот деби албум, темата „Recovery“.

 



Врати се горе ↑