Балкан Mirko-Vukomanovic-foto-M-Djorjdevic-copy

14 август, 2013

X Factor: Мирко Вукомановиќ открива сè за оваа музичка емисија

Главниот музички продуцент на X factor, Мирко Вукомановиќ во интервју за српски Телеграф открива како, зошто и каде да се пријавите за учество во најголемиот светски музички натпревар. Како што веќе знаете, популарната музичка емисија ќе започне да се емитува од 14-ти октомври (кај нас на тв Сител), а кандидатите можат да се пријавуваат од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, додека Хрватска ќе биде вклучена следната година. Емисијата ќе се снима во студиото на телевизијата Пинк, додека големото супер финале ќе се одржи во Комбанк арената на 10-ти февруари.

Во интервјуто за Телеграф, главиот музички продуцент и директор на маркетинг продукцијата МБК (задолжена за креативниот дел и извршната продукција на емисијата), Мирко Вукомановиќ вели дека пријавувањето е во тек, има огромен интерес од земјите од регионот, но и од дијаспората, а предаудициите ќе бидат одржани во следните градови: Будва (20.8), Сараево (22.8), Бања Лука  (23.8), Скопје (25.8), Ниш (27.8) и Белград (30 и 30.8). Според неговите зборови, се очекува да се пријават повеќе од 10 000 кандидати, додека на последната аудиција во Белград би се појавиле максимум 300.

Погледнете некои од најдобрите аудиции на X Factor.

 

На почетокот на разговорот, Вукомановиќ открива кој сè и како може да се пријави за учество во X Factor:  „Пријавувањето за X Factor веќе започна. Првиот кастинг ќе биде одржан на 20-ти август во Будва, додека финалниот избор ќе биде од 30-31 август во Белград. Можат да се пријават сите кои имаат 12 години. Во однос на класите за пријавување, тие ќе бидат поделени во четири групи: девојки, момчиња, „Втора шанса“ (луѓе кои имаат преку 30 години и кои учествувале и во други музички натпревари), како и музички групи. Исто така ќе имаме и четири ментори, односно членови на жирито и секој од нив по аудициите ќе добие по една од наведените категории. Аудициите, односно оние луѓе кои ќе ги одбереме на првите кастинзи, ќе бидат одржани од 7-17 септември во Белград и токму тоа ќе можат да го видат гледачите на малите екрани од 14-ти октомври.“ – вели продуцентот и директор на маркетинг продукцијата МБК.

Потсетуваме, можете да се пријавите на следниот  линк.

На прашањето зошто X Factor е специфичен во однос на другите слични формати, Вукомановиќ го изјави следното:

„X Factor е специфичен поради неколку категории. Една од нив е и „Втора шанса“, која не постои на ниту едно друго место и која на некои луѓе им дава уште една шанса. Второто нешто, кое според мене е интересно, е тоа што X Factor во однос на Идол и други слични емисии, е тоа што менторите мораат да направат сериозен напредок кај кандидатите и тоа да резултира со некаква кариера. X Factor лансираше многу светски ѕвезди, за разлика од Идол, кој ја има само Кели Кларксон. Тоа што се бара во емисијата, нивото на комуникација, потоа нивото на работа со тие млади луѓе, како и нивото на поддршка кое им се дава и после емисијата, резултира некој од нив да стане ѕвезда.  Правилата и темпото на натпреварување се такви, убиствени се и многу е тешко да се издржи тоа натпреварување, меѓутоа поминуваат само најдобрите. Тоа не мора да биде случајот со други натпревари од овој тип“ – вели Вукомановиќ.

Погледнете што вели Мирко Вукомановиќ за категоријата „Втора шанса“.

 

Понатаму објаснува што треба да покаже кандидатот за да се најде во главниот дел од натпреварот.

„Овој натпревар бара нешто посебно, но се подразбира и тоа да си добар пејач. Не може да се појави некој кој не знае да пее или да поседува просечни способности, па така да влезе во емисијата. Иако многу ѕвезди направиле кариера со просечни гласовни способности и огромна харизма, ние сакаме нашите учесници во најмала рака да бидат многу добри, да бидат одлични пејачи и да имаат одлично чувство за сцена. Овде морате да бидете егзибиционисти, тоа е реалноста во оваа работа“ – вели Вукомановиќ, додавајќи дека се водат преговори за системот на гласање.

Една од новостите кои ќе ги донесе X Factor ќе биде и формирањето на X Factor бенд. Погледнете што вели за тоа.

 

Тој вели дека творецот на X Factor, Сајмон Кaуел активно учествува во организацијата на првиот серијал од овој натпревар кај нас и дека наскоро ќе ја посети Србија:

„Сајмон Кaуел ќе дојде во Србија и ќе го посети Белград кога ќе започнат емисиите во живо. Ќе видиме дали тоа ќе биде во декември, јануари или во финалето, но сигурно е дека ќе дојде. Тој и неговата група од продукцијата Freemantle се заинтересирани за секое ново подрачје. Ние доаѓаме како некој вид на егзотика“ – вели Вукомановиќ, додавајќи дека во тек се преговорите со многу познати светски музички ѕвезди: „Што се однесува на гостувањара, во преговори сме со Лики Ли, Лорин, Лаура Паузини… Исто така, во преговори сме со неколку ѕвезди да настапат во суперфиналето. Во план беа момците од Уан Дајрекшн, но изгледа дека нема да можат да дојдат. За овој состав владее голем интерес и тие се „распродадени“ во наредните година дена. Покрај тоа, се обидуваме да донесеме ѕвезди како што се Ноу Даут, Пинк…“ – вели тој.

На прашањето дали победникот од првата сезона на регионалниот X Factor ќе може да смета на потенцијална светска слава, Вукомановиќ одговорил: „Сето тоа зависи од кандидатот. Ние имаме реален договор со луѓето од Sony Music и доколку тие видат дека некој од тие деца го има тој светски потенцијал, секако дека ќе ги „уловат“ и водат на пазарот на кој сметаат дека е најдобар. Мислам дека кај нас ќе биде навистина интересно, дали ќе помине некој од регионот или од дијаспората, од каде што има огромен број на пријавени.“ – заклучи Мирко Вукомановиќ.

 

Извор и фото (Милена Ѓорѓевиќ): Теlegraf.rs



Врати се горе ↑