Балкан HARI-MATA-HARI

14 јануари, 2014

X Factor: Хари Варешановиќ специјален гостин во вечерашната втора емисија во живо

Вечерва со почеток од 21 часот на Сител телевизија ќе биде пренесувана втората финална вечер од регионалното издание на музичкиот натпревар X Factor, а финалистите ќе пеат љубовни песни под симболичниот наслов „Love and Heartbreak“. Исто така ќе дознаеме кој од четворицата кандидати успеа да се врати во шоуто по пат на баражното гласање кое траеше изминатава недела.

Во минатонеделната прва емисија во живо натпреварот го напушти кандидатот Младен Лукиќ, кој беше во категоријата „Постари од 27 години“, чиј ментор е Жељко Јоксимовиќ. На преостанатите 11 кандидати ќе им се придружи еден кандидат кој ќе се врати благодарение на публиката, а на крајот од емисијата натпреварот ќе го напушти уште еден кандидат. Како специјален гостин вечерва ќе се појави познатата босанска ѕвезда Хари Варешановиќ, познатиот фронтмен на групата Хари Мата Хари.



Врати се горе ↑