Балкан ab-ap-xf

26 февруари, 2014

X Factor: Александра Брковиќ и Алекса Перовиќ го напуштија натпреварот

Синоќешната седма финална вечер од регионалниот X Factor помина со многу повеќе изненадувања за разлика од претходните. Имено, иако беше најавено дека натпреварот ќе го напушти само еден натпреварувач, сепак на крајот од вечерта дома си заминаа 2 кандидати. Преостанатите 8 кандидати вчера се претставија со теми од домашни и странски филмови, а за време на гласањето како гости во ревијалниот дел настапија Дејан Цукиќ и Тропико бенд.

На самиот почеток од објавувањето на имињата на кандидатите кои ќе продолжат во следната финална вечер, продукцијата реши веднаш да ја испрати дома Александра Брковиќ бидејќи имала премалку гласови, а уште поголемо изненадување за публиката беа кандидатите кои се најдоа во двобој. Маид Хеќимовиќ и Алекса Перовиќ се соочија со двобој, а по изведбата на песните за спас, жирито одлуката ја препушти на публиката така што натпреварот го напушти Алекса.

Иако одлуката да oтпаднат два натпреварувачи на многумина им изгледаше нелогична, сепак тоа е дел од правилата на самиот натпревар, најчесто заради доцнење со распоредот на финалните вечери. Истото се случувало и во британскиот и американскиот X Factor, особено минатата година кога во американската верзија уште во првите две вечери отпаѓаа по 3 кандидати, а следните три по 2 кандидата за во финале да останат само 3. Со оглед на тоа што до суперфиналето нè дели уште само една финална вечер, и во следната емисија веројатно ќе заминат 2, а можеби и 3 кандидати.

Настапите од синоќешната седма финална вечер можете да ги погледнете во продолжение.

Алекса Перовиќ – А сад адио (од серијата „Топол ветар“)

 

Маид Хеќимовиќ – Флојд (Дадо Топиќ, филм „Национална класа“)

 

Илма Карахмет – I Need To Know (анимиран филм „Барби“)

 

Даниел Кајмакоски – Unchained Melody (Righteous Brothers, филм „Дух“)

 

Лукијан Ивановиќ – Ain’t No Sunshine (Бил Витерс)

 

Александра Брковиќ – Reflection (Кристина Агилера, анимиран филм „Мулан“)

 

Доктори – I’ll Be There For You (The Rembrandts, серија „Пријатели“)

 

Тамара Милановиќ – Skyfall (Адел, филм „Skyfall“)

 

 

Песни за спас:

Маид Хеќимовиќ – Остала си увјек иста (Мишо Ковач)

 

Алекса Перовиќ – Here Without You (Three Doors Down)

 

 

Гости во ревијалниот дел:

Тропико Бенд – Среќа

 

Дејан Цукиќ – Права љубав

 



Врати се горе ↑