Аудио Vulkan_thumb

13 ноември, 2012

Вулкан го издадоа првиот сингл

Во средината на деведесеттите години, на загребската рок сцена делуваше составот Трикс (3Х). По многу години, составот повторно се собра под името Вулкан и реши да ја реализира нивната дамнешна идеја со тоа што на публиката ќе им претстави вистинска рок свирка каква што сè помалку ја има на нашите простори.

Бендот е составен од Златан Цехиќ Цеха (порано дел од Дивље Јагоде), Марио Зидар (Прљаво Казалиште) и Роберт Јурчец Муха (Рокхедс) и тука веднаш можеме да видиме дека се работи за искусни музичари, кои покрај тоа се и долгогодишни пријатели и соработници, па овој проект сигурни сме дека потполно ќе заживее.

За прв сингл ја избраа песната „Роза“, за која наскоро ќе снимат и видео запис, а наскоро ќе тргнат и на турнеја низ Хрватска, но и надвор од нејзините граници. Преслушајте ја во продолжение првата песна на овој интересен состав.

Извор: Balcanrock.com

 



Врати се горе ↑