Балкан ot21632722

15 декември, 2012

Вукашин го собра ОТ Бенд за Беосонг 2013

Пејачот Вукашин Брајиќ кој го паметиме од популарното шоу „Операција Триумф“, повторно ги собрал членовите на ОТ Бенд со цел да си ја пробаат среќата на претстојниот Беосонг, кој ќе се одржува на 2-ри и 3-ти март следната година, а победникот ќе ја претставува Србија на Евровизија, пишува српски Блиц.

Музичарите кои својата популарност ја стекнаа со учеството на музичкото шоу, деновиве  ќе влезат во студио и ќе снимат песна со која ќе конкурираат на фестивалот Беосонг. Станува збор за рок нумера чии автори се Вукашин Брајиќ и Срѓан Бранковиќ. Ова ќе биде второ учество на ОТ Бенд на овој избор, откако во 2009 година на Беовизија се претставија со „Благослов за крај“ која заврши на второто место, а предизвика и големо незадоволство кај публиката бидејќи жирито не ги прогласи за победници.

Бројните фанови на социјалните мрежи ја поддржаа оваа одлука на бендот за повторно учество на фестивалот. Меѓутоа, екипата овој пат нема да настапи во полн состав, бидејќи Никола Сариќ Сајко поради приватни обврски нема да може да им се придружи на Никола Пауновиќ, Ѓорѓе Гогов и Вукашин Брајиќ.

 Во продолжение да се потсетиме на одличната нумера „Благослов за крај“.

 

 



Врати се горе ↑