28 јуни, 2014

Вукашин Брајиќ се враќа со „На уснама“

После подолга медиумска пауза, некогашниот учесник на музичкиот натпревар „Операција триумф“, Вукашин Брајиќ се враќа на музичката сцена со нов сингл и видео запис. Станува збор за рок баладата насловена „На уснама“, снимена по светски стандарди и чиј мастеринг е направен во студиото Sterling Sound во Њујорк.

„И покрај цврстиот звук, видео записот изобилува со нежни љубовни сцени. Мислам дека станува збор за необичен спој на повеќе светови. Сè на сè, нешто што не се гледа секој ден“, изјавил Брајиќ за српски Блиц.

Покрај импресивниот звук, песната ја потпишува и одична екипа; музиката и текстот ги напишал неговиот колега од бендот, Дамир Мојсин, а гостува и гитаристот на Амадеус бенд, Милан Кордулуп. Придружните вокали ги отпеаја Филип Пат и Никола Мијиќ, фронтменот на бендот Алогија, а за продукцијата се погрижи Марко Ѓурашевиќ Махони.

„Долго работев на оваа песна и навистина верувам во неа. Собрав сериозна екипа на музичари кои одлично ја завршија својата работа. Доволно е да се спомене Рајан Смит, кој беше задолжен за мастерингот и кој работи за бендови како што се Никлбек, Еј-Си-Ди-Си, Бон Џови“, заклучил Брајиќ, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите и слушнете горе.

Извор: Blic.rs



Врати се горе ↑