Настани relive 2

4 јуни, 2013

Второ издание на Рилајв фестивалот во Тетово

Првиот музички фестивал „Рилајв“ помина и подобро од очекуваното, а сега тетовци се во пресрет на вториот спектакл кој ќе се одржи во сабота на 22-ри јуни, кога како главни ѕвезди на настанот ќе гостуваат светски познатиот диџеј и продуцент Баги Беговиќ (Baggi Begovic) од Холандија и ветеранот на шпанската сцена Влада Ашанин. Повторно во организација на тетовските кафулиња „Амнезија“, „Медисон“ и „Републик“ во соработка со Горила продукција, Спортскиот центар во Тетово ќе ги собере младите луѓе од целиот регион кои се желни за добра забава и квалитетна електронска музика.

Ако првиот фестивал собра неколку илјадна публика која со гласни овации ги поздрави домашните Александар Галоски-Пилот, Марга Сол, Дени Бегич и Оливер Петковски, како и ветеранот на електронска музичка сцена, Хуан Алварез, овојпат, на вториот по ред „Рилајв“ тетовци и нивните гости ќе можат да уживаат во музиката на македонските диџеи Александар Галоски и Бранчез. Потоа со диџеј сет ќе се претстави и Влада Ашанин кој е веќе 20 години присутен како диџеј и продуцент, а диџејскиот пулт го делел со некои од најголемите имиња како Mарк Најт, Курд Маверик, Токадиско, Крис Лејк, Дејвид Пен и многу други.

Како врв на вечерта ќе настапи холандската сензација Баги Беговиќ попознат по неговата преработка на легендарната „Smells Like Teen Spirit“ од Нирвана заедно со Рене Амез, но и по бројните ремикси на Рита Ора, Род Стјуарт и Кели Кларксон. Силното присуство на Ибица и како резидент диџеј во најпознатите европски клубови, Баги издигнува еден голем левел во неговата кариера во која се запишани неколку големи соработки со светски познати ѕвезди Тиесто, Ерик Морило и Роџер Санчез. Второто издание на фестивал Рилајв ќе се одржи во Спортскиот центар во Тетово на 22-ри јуни со почеток во 21:00 часот. Влезниците ќе бидат пуштени во претпродажба на 10-ти јуни по промотивна цена од 200 денари, додека пак на врата по цена од 250 денари.



Врати се горе ↑