Балкан Overjam banner 960

18 март, 2013

Вториот „Overjam International Reggae Festival“ со нова локација

По успешниот прв фестивал, најавениот втор Overjam International Reggae Festival од 14-ти до 17-ти август ќе се одржи на нова локација во Словенија. Организациониот тим во кој се наоѓаат италијанското друштво Trieste in Levare, Ticket To Jamaica, културното здружение Overjam и словенечката агенција Kurz rock vibe во соработка со здружението Cafe im Künstlerhaus од Австрија, најавија дека фестивалот ќе биде реализиран во Толмин, на идиличниот дел од реките Толминка и Соча.

Overjam festival претставува спој на различни култури со цел промовирање на солидарност и еднаквост, кои отсекогаш ја карактеризирале реге музиката. Со ова се докажува дека сите сме обединети во различноста.

„Во прегратка на природата, културата и музиката, ќе се вратиме во срцето на јамајканските корени на реге музиката, кои денеска се запоставени во голема мера поради доминацијата на дигиталната музика“ – порачаа организаторите. За сега не е откриени имињата на учесниците, но сигурно е дека двете фестивалски сцени ќе изобилуваат со рутс, даб и денсхол звуци, со богата придружна програма – спортска, културна, еколошка и тн., со сончевите зраци и позитивните вибрации кои ќе владеат со овој фестивал.

Продажбата на влезниците се врши преку Евентим системот:

www.eventim.rs

www.eventim.hr

www.eventim.si

Повеќе информации на:  www.overjamfestival.com и www.facebook.com/OverjamInternationalReggaeFestival



Врати се горе ↑