Настани plakat2

29 мај, 2013

Време е за SUN&FUN Фестивал

Продукција Сонце со особено задоволство го најавуваат второто издание на SUN and FUN фестивалот. Сред урбаната џунгла на просторот на Скопското лизгалиште, на две концептуално различни сцени ќе настапат легендите на електронската музика MARCO V, ETNICA i PLEADIANS и  и многу други.

„Примарна цел на овој музички настан е понудата на ексклузивна, квалитетна фестивалска програма и запознавање во живо на домашната и странската публика со музичките видувања на врвните светски и македонски современи музички имиња од светот на урбаната музика“ – вели Дарко од Продукција Сонце.

За таа цел, менаџерскиот тим, ја подолжува серијата на урбани журки со холандскиот супер стар диџеј MARCO V, човекот кој задолжително е дел од најголемите светски случувања како што се TOMOROWLAND, Sensation White/Black, ASOT и TRANCE ENERGY.

Покрај Марко на фестивалот ќе настапат и татковците на психоделичниот транс, пионерите ETNICA и PLEIADIANS.

На главната сцена ќе ги видиме:
MARCO V
Babura
Bobi
Dare

За љубителите на транс звукот, програмата е следна:
ETNICA – Live
PLEIADIANS – Live
YUDHISTHIRA Live
SoundKillah
DejanDogy

Сабота 8 јуни е денот за големиот хепенинг, епицентарот е Скопско лизгалиште, а стартот 23:00 часот. На фестивалот не очекува спектакуларно ласерско шоу, 3Д визуелни анимации, УВ декорации и уште неколку изненадувања. Фестивалот ќе располага со ВИП платформа за сите оние што сакаат да добијат сепаре или висока маса.

Влезници во предпродажба по супер промотивна цена во ЈУГОТОН, OFFICE PLUS (Рамстор, Сити мол, ГТЦ, Paloma Bianca), Цвеќара Розе Веро 2, Камарад во Рамстор, Кафе Круг – Аеродром и во ОНЕ салоните ширум републиката. Цената од 29-31 Мај изнесува 200 денари, додека пак од 01-08 Јуни цената е 250 денари.

Единствена можност да се почувствува магијата на масовен хепенинг што обединува спектакуларни музички ѕвезди, поддржани од квалитетната македонска гордост, беспрекорна организација и расположливи технички средства и исто така промовирање на Македонија и Скопје како привлечна дестинација за љубителите на современиот звук од Балканот и Европа.

 



Врати се горе ↑