Аудио

6 ноември, 2017

„Време“ е за новиот сингл на Сара Мејс

„Време сега е за нас, дај ми сè што сакам јас! Утре никој не знае дали тука пак ќе сме“, пее Сара Мејс во вториот сингл од неодамна објавениот албум „Floating Through Space With Sarah Mace“, кој го најави со хитот „Небо“. Станува збор за уште една одлична фанк нумера насловена „Време“, чија музика е потпишана од самата Сара, Дејан Митровиќ и Неврус Бајрам, а стиховите се само нејзини. Аранжманот, пак, го направија Дејан Митровиќ, Неврус Бајрам, Сара Мејс, Иван Петровски и Александар Ванчовски, за снимањето се погрижи Ивица Јанкуловски, а миксот и мастерингот се на Горан Гешовски. 

 

Инаку, новиот албум на Сребрената космонаутка и нејзиниот вселенски екипаж е веќе во продажба во „Југотон“, а најавниот сингл „Небо“ се најде меѓу десетте најслушани радиски хитови за претстојниот „МАРС 2017“, кој ќе се одржи на 14 ноември.



Врати се горе ↑