19 март, 2015

„Време чуда“ е новиот сингл на „Тригер“

Српскиот метал бенд „Тригер“ го објави видео записот за својот нов сингл насловен „Време чуда“. „Испративме човек горе на Месечината за оттаму да гледа како од болести и глад умираат деца и милиони патат…“, со овие стихови започнува овој музички осврт на единствениот талент на човечките битија кои „во името на отецот, синот и светиот долар“ го злоупотребуваат и извртуваат секое цивилизациско достигнување. 

Видео записот е снимен во соработка со Никола Силиќ, со кој „Тригер“ веќе работеше на екранизациите за песната „Навика“ и преработката на „Ена“ од „Хаустор“. Песната „Време чуда“ е и насловната нумера од новото издание кое „Тригер“ наскоро ќе го објави под етикетата „Одличан хрчак“. Со новиот сингл и новото издание, „Тригер“ се врти кон уште потврд звук, поигрувајќи се со жанровските граници со учеството на многу музички гости од Србија и регионот.

Групата зад себе го има албумот со преработки „Екс“ и првенчето „Љубав“, со кое своевремено освои награда од слушателите на „Радио Белград 202“, регионалната музичка награда „Индекси“ во категоријата „Најдобар метал албум“ и наградата „Откритие на годината“ според телевизија „Метрополис“.

Синглот „Време чуда“ достапен е за преслушување на сервисот „Дизер, а видео записот Ве очекува горе. Уживајте!

www.triggerband.net 
www.facebook.com/bandtrigger 
www.twitter.com/BandTrigger



Врати се горе ↑