Македонија Miodrag Vrcakovski

17 јуни, 2013

Врчаковски е новиот уметнички директор на Охрид Фест

Д-р Миодраг Врчаковски е новиот уметнички директор на интернационалната вечер на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“ кој ќе се одржува од 20 – 24 август во Охрид, пренесува Вест.

Директорот и основач Григор Копров вели дека со Врчаковски, кој е искусен и успешен во областа на музиката, фестивалот добива на тежина: „Поставивме вистински човек на ова место, и очекуваме уште едно успешно издание на фестивалот, кој годинава слави 20-годишен јубилеј“ – вели Копров.

По повод јубилејот, „Охрид фест“ ја менува и локацијата на одржување. Место на летната сцена „Долни Сарај“ како до сега, ќе се одржи во центарот на Охрид, на кејот кај шеталиштето близу до поранешниот хотел „Ривиера“. Според Копров, со менувањето на локацијата фестивалот ќе биде поблиску до охриѓани и до туристите.

„Охрид фест“ почнува на 20-ти август со детскиот фестивал „Чунга лунга“, по што следи вечерта на нови ѕвезди, фолк-вечерта, поп-вечерта, па интернационалната вечер.

Извор и фото: Вест



Врати се горе ↑