Настани a7f33327-6b29-40b4-9dda-b4d47c09e3c7

17 јуни, 2015

„Ворлд Чил-Ин“ бината на „Егзит“ годинава во ново руво!

До почетокот на големата летна „Егзит“ Авантура остануваат уште три цели недели, а по бројот на продадени влезници и пријавени гости од сите шест континенти, интересот на „Егзит“ и „Си Денс“ е рекорден! За десетиците илјади посетители, кои ќе го слават 15. роденден на „Егзит“ секоја вечер, да можат да ги наполнат батериите и да се одморат од лудувањето на најголемите бини, оваа година во амбиентот на еден од најскриените делови на Петроварадинска тврдина, опкружен со огнени и жестоки рифови од гитарските бини, а целосно обвиен во својот мир, се наоѓа „Ворлд Чил-Ин“ (World Chill–Inn) бината. Екипата од искусни диск-џокеи и селектори кои ја бираат музиката на оваа бина, претежно е сочинета од новосадските колекционери на добрата, „ворлд“ музика. Некои од нив работат на радио, некои се членови на градските бендови, а некои резиденти на новосадските клубови и сите ги најавуваат своите најдобри изданија за јубилејниот „Егзит“ фестивал, кој оваа година ќе се одржи од 9 до 12 јули.

 

Својот музички избор ќе го претстави и „Лејзи фејс“ (Lazy Face) од Бугарија, основач на најслушаната реге емисија на бугарското радио „Џамајкан еирфорс“ (Jamaican airforce), потоа младиот двоец кој го сочинуваат Мексиканец и Новосаѓанец под името „Гуапачоса саунд систем“ (Guapachosa Sound System), кои се подготвуваат да ја освојат и Шпанија откако за кратко време направија огромен пробив во Србија, како и „Мангала саунд“ (Mangala Sound) од Белград, познат и како „Гавернмент 4000“ (Government 4000), кој прави необични и еуфорични бас сетови со примеси на ворлд-мјузик стиловите. Домаќин на бината и секојдневен селектор е диџеј Вои-Кан (DJ Voi-Khan)исто така познат и како ем-си Кило Кило (MC Killo Killo), а тука се уште и Бумбас селекта (Bumbass selekta), диџеј Луиџи (DJ Luigi), Никола Главиниќ, Диџеј Уан (DJ One), диџеј Филип (DJ Feelip), Даб Дуба (Dub Duba), Рашомон Селекта (Rashomon Selecta), Диџеј Шај (DJ Shi) и Диџеј Куф (DJ Kuf). Музиката која за „чилерите“ ја бираат старите градски сладокусци, колекционери и по некоја светска фаца, ќе биде внимателно дозирана за да ви го одржи ритамот на забава, но не на наметлив и агресивен начин или бучен грув, туку повеќе на начин кој потсеќа на оние одлични журки со екипата во природа или некој природен амбиент за која не се соодветни огромни децибели. Ќе се чилира со кумбија, афро и латино ритмови, ретро и рутс варијанти на реге, фанк и уште многу варијации и фузии кои ги нуди т.н. „Ворлд Мјузик“ правец. Со ненаметливото осветлување и по некој танцувачки жонглер со оган, посетителите ќе можат да ги наполнат батериите, а нозете ќе добијат нови сили за продолжување на фестивалската авантура.

Своите настапи на овогодишната, ултимативна „Егзит“ Авантура, за едно од најсилните програмски изданија на сите времиња, досега ги потврдијаMötorhead, The Prodigy, Manu Chao, Rudimental, Faithless, Roisin Murphy, Hardwell, Emeli Sandé, Sigma, John Newman, Capital Cities, Clean Bandit, Tom Odell, Martin Garrix, Gramatik, Leftfield, Tale of Us, Adam Beyer, Chris Liebing, Eagles of Death Metal, Fear Factory, Wilkinson, Zomboy, Roni Size Reprazent, Bondax, Napalm Death, Dubioza kolektiv, Octave One, Soul Clap, Hladno pivo, Artan Lili, Zoster и бројни други за вкупно над 1.000 уметници на 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!

Заврши акцијата 4+1 со рекорден број на продадени влезници!

Во понеделникот, 15 јуни, на полноќ заврши омилената акција „4+1“ со која купувачите на четири фестивалски влезници за „Егзит“, „Си Денс“ или целата „Егзит“ Авантура, добиваат петта влезница за подарок. А сега, во продажба се достапни и еднодневните влезници за фестивалот „Егзит“ по цена од 1.520 денари за секој ден поединечно. Овие и фестивалските влезниците за „Егзит“ (3.599 ден.), „Си денс“ (2.550 ден.) и целата „Егзит“ Авантура (4.299 ден.) се продаваат во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат) и преку www.mktickets.mk. На www.exittrip.org се продаваат и пакетите кои содржат хостелско и хотелско сместување за вистниско фестивалско летување од 7 до 20 јули, од тврдината до песочната плажа, а кои почнуваат со цена од 99 евра!



Врати се горе ↑