21 ноември, 2013

Вонредни вести: „Парни ваљак“ имаат „Танки живци“!

Хрватскиот рок бенд кој „Не се предава“,  „Парни ваљак“ деновиве го претстави својот нов видео запис за темата „Танки живци“, која се најде на нивниот актуелен, осумнаесетти по ред студиски албум насловен „Нема предаје“. Концептот на овој видео запис го направи креативната компанија „Гитак ТВ“ во соработка со членовите на бендот, а целта на истиот е повторно да ја докаже издржливоста и креативноста на легендарните „Парни ваљак“, кои наскоро ќе прослават јубилеј од 40 години.

Имено, приказната е замислена како драма во која бендот е заробен на сцената повеќе од тринаесет часа затоа што пристигнал извештај дека е поставена експлозивна направа. Членовите на бендот свират една иста песна во текот на сите 13 часа бидејќи неидентификуван човек најавил дека бомбата ќе експлодира само ако престанат да ја свират. Што ќе се случи понатаму можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑