17 септември, 2015

„Водолија“ го претстави видео записот за „Одам напред“

По екранизациите за темите „Како од бајки“ и „Сè што ми треба“, групата „Водолија“ деновиве го претстави својот најнов видео запис за песната „Одам напред“. И овој пат како комплетен автор се потпишува фронтменот на групата, Ристо Апостолов, а видеото е во режија на Владимир Петровски – Картер. Покрај Апостолов, во видео записот се појавуваат и Бојан Митановски на бас и Весела Димеска на тапани, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑