Свет madonna-2012-e1338764073807

28 октомври, 2012

Во што е тајната на успехот на Мадона?!

На никој не му е јасно, но кралицата на поп музиката е запишана во историјата на британската дискографија како пејачка со најголем број продадени синглови до сега. Иако нејзиниот последен албум наиде на многу критики, „МДНА турнејата“ не и оди баш според планот, но нејзините песни и понатаму одлично се продаваат. Уште од објавувањето на првата песна „Holiday“, од дамнешната 1984 година па сè до денес има продадено 17.8 милиони синглови.

 

„Holiday“ сепак не беше на првото место на британската топ листа, но тоа го постигна со следниот сингл насловен „Into The Groove“, а последен пат на првото место се најде во 2008 година со синглот „4 Minutes“. Меѓутоа, поп кралицата може наскоро да остане без трон затоа што Ријана и е веднаш зад петици. Пејачката од Барбадос успеа да продаде 11.4 милиони синглови за само седум години, а нејзиниот најнов сингл „Diamonds“, кој го најавува нејзиниот нов албум „Unapologetic“, дебитираше на првото место на британската листа на синглови.

Сексапилната Кајли Миног е на третата позиција. Таа за нејзините 25 години кариера во Австралија продала 10,2 милиони синглови. Четврта е Витни Хјустон со 8.5 милиони, а веднаш зад неа е Лејди Гага со „само“ 7.329 милиони. Меѓу првите десет се наоѓаат и Бритни Спирс (7.324), Бијонсе (6.9), Селин Дион (6.7), Мараја Кери (6.62) и Оливија Њутн Џон (6.61).



Врати се горе ↑