Балкан spek-krug_620x0

20 ноември, 2012

Во сеќавање на ЕКВ, се оформи старо-нов состав „Круг“

Дел од поранешните членови на легендарниот бенд  Екатарина Велика или накратко ЕКВ, сега се дел од новоформираната група КРУГ, составена во знак на сеќавање на популарниот бенд, кој во сабота ќе настапи на хуманитарен концерт во Студентскиот Културен Центар во Белград, а целиот приход од настанот ќе се употреби за лекување на продуцентот и музичар Теодор Јани кој боледува од карцином на штитната жлезда.

Овој австралиски музичар продуцирал нкои од  најзначајните рок албуми, како што се „It ain’t like in the movies at all“ на групата Азра, „Летим, сањам, дишем“ на Електрични Оргазам, „Љубав“ и „Само пар година за нас“ и „Дум дум“ на ЕКВ, како и многу други.

Со овој концерт се означува новиот почеток за групата Круг, а веќе на пролет бендот планира да го објави првиот албум со авторски материјал. Тапанарот на бендот, кој беше и последниот тапанар на ЕКВ, Марко Миливојевиќ за медиумот „Новости“ изјавил дека овој концерт им е многу важен, бидејќи се надеваат дека Јани ќе го продуцира нивниот деби албум.

„Од последниот албум на ЕКВ неподелено е мислењето дека ниту еден бенд или музичар не се ни приближил на стандардите кои ги поставила ЕКВ, како во музичка, така и во продукциска смисла. Затоа Круг ќе се обиде со првиот албум да го подигне тоа ниво на рокенрол музиката.“ – изјавил клавијатуристот на Круг, Дејан Томовиќ Томке.

 

Извор и фото: Novosti.rs

 



Врати се горе ↑