Концерт duke&friens

18 јануари, 2016

Во продажба влезниците за концертот на Дуке Бојаџиев и пријателите

Започна продажбата на влезници за големиот концерт на Дуке Бојаџиев и пријателите, кој уште во ноември минатата година го најави „Авалон продукција“. Цените на билетите се движат од 600 до 900 денари, а истите ќе ги најдете во сите продажни места на „Купи карти за сè“, како и онлајн на www.kupikartizase.com. Со секој купен билет следува подарок дивиди од концертот кој се одржа лани на Античкиот театар во Охрид.

Концертот на Бојаџиев е закажан за 20 февруари во арената „Метрополис“, со почеток од 20 часот, а како специјални гости ќе настапат неговите пријатели Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Исмаил Лумановски, Тања Царовска, Никола Ристановски, Матијас Кунзли и Костас Анастасиадис.

Категории на седишта:

A Блокови (Golden seats) – 900 ден.
B Блокови – 800 ден.
C и D Блокови – 700 ден.
Галерија стоење – 600 ден.



Врати се горе ↑