Концерт 1609825_692022967505508_639577359029492935_n

8 април, 2014

Во продажба влезниците за концертите на Каролина во Битола и Охрид

Како што веќе Ве информиравме, после распродадените 6 концерти во Македонската Опера и Балет во Скопје, Каролина со проектот „Македонско девојче” ова лето ќе одржи концерти во античките театри во Битола и Охрид. Во античкиот театар Хераклеа во Битола, Каролина ќе одржи два концерти – на 24 и 26 јули, а настапот во античкиот театар во Охрид ќе биде на 25 јули.

Влезниците за трите концерти се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на Купи карти за сè  по следните цени и категории:

Битола – ТРИБИНА 300 денари;
Охрид – ТРИБИНА – седење 400 денари/ ПАРТЕР 300 денари;

Наскоро очекуваjте објава за уште неколку концерти кои ќе се одржат ова лето како промоција на проектот „Македонско девојче“.



Врати се горе ↑