Македонија см

8 октомври, 2017

Во продажба новиот албум од Сара Мејс

После двете слетувања од вселената на Сребрената космонаутка и нејзиниот екипаж, Сара Мејс го објави својот нов албум насловен „Floating Through Space With Sarah Mace“, кој веќе е во продажба во „Југотон“.

„Се запиша како едно од најбитните поглавја во мојот живот…. Многу емоции, љубов, музика, вложување, заедништво, ентузијазам и универзална конекција. Свиревме и покажавме. Направивме албум. Вселенски! Од срце благодарам на сите што беа дел од овој проект и помогнаа истиот да се случи“, напиша познатата музичарка споделувајќи ја веста за новиот албум.

22196340_1527447210670782_1088913588690742098_n

Во реализацијата на овој проект учествуваа извонредните: Неврус Бајрам, Иван Петровски, Дејан Митровиќ, Калина Велковска, Теа Богатинова, Филип Димишковски, Александар Ванчовски, Климент Тодороски и Виктор Филиповски. Материјалот се снимаше во студиото „Алшар“ со Ивица Јанкуловски, како музички продуцент се потпишува Горан Гешовски, а гостуваат Александар Ристовски Принц, Јана Петровска, Мила Серафимовска и Марјан Матс.

Албумот беше најавен со синглот „Небо“, а како звучеше сето тоа можете да се потсетите во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑