Балкан prl00

17 ноември, 2012

Во продажба новиот албум на Прљаво Казалиште

Легендарниот бенд Прљаво Казалиште после 35 години од излегувањето на нивната прва плоча, го претстави новиот студиски албум „Можда догодине“. Во далечната 1978 година е објавен нивниот прв сингл на кој се најдоа три песни: „Телевизори“, „Мајка“ и „Моје дјетинство“, продуцирани од Ведран Божиќ.

Бендот започна со работа на овој четиринаесетти по ред студиски албум уште во 2010 година, набрзо потоа објавувајќи го насловниот сингл „Можда догодине“, кој предизвика голем интерес кај публиката. Најавен со три сиглови „Можда догодине“, „Иза мојих прозора“ и „Љубав је…“, овој албум чекаше скоро две години да биде објавен, а причина за тоа е изборот на песните за кои беше задолжен авторот Јасенко Хоура. Дванаесет нови песни, меѓу кои и осумте веќе споменати синглови, секако треба да се издвојат „Дјевојка од милијун долара“, „Воли ме“, „Сјети ме се“ и „Вива“ во која силите ги здружија Јасенко Хоура и Даворин Боговиќ.

Неодамна е снимен и видео запис за песната „Дјевојка од милијун долара“, кој е снимен на покривот на Гарден Мол во загребска Дубрава, а режисер на истиот е наградуваниот Радислав Јованов Гонзо. Оваа нумера е четврт сингл од албумот „Можда догодине“.

Извор: Story.rs



Врати се горе ↑