Македонија 574912_10151488856168395_608959624_n

2 март, 2013

Во продажба новиот албум на Калиопи

Како што беше најавено, новиот албум на нашата поп дива Калиопи насловен „Мелем“, деновиве беше промовиран во Македонија, а во продажба може да се најде во продавниците на Југотон и 1/2 Југотон (ГТЦ први кат) по цена од 500 денари. На ова издание, чиј комплетен автор е Ромео Грил, се наоѓаат 10 песни отпеани на спрски јазик.

„Мелем“ би го опишал како „враќање кон публиката“. Направивме песни што можеби ги пееме приватно за себе. Има композиции за кои претходно верувавме дека не би ги ставиле на плоча. Бајага во еден свој стих вели „секогаш се завршува со некоја од нашите песни“. Си рековме ајде ќе ставиме такви нумери на плочата кои што ги пееме за своја душа. Работевме на албумот без оптоварување дали тоа што го создаваме е уметност, колку на некој ќе му се допадне или колку ќе биде комерцијално“ – изјави за Дневник Ромео Грил.

Заедно со албумот беше промовирана и новата песна со видео запис „Мрвица“.

Фото: Фејсбук фан страница на Калиопи



Врати се горе ↑