Аудио Tajzi

2 октомври, 2013

Во продажба „Нешто поинакво“ од Тајзи

Првенчето на Тајзи веќе од вчера може да се најде во сите трафики и продавници низ Македонија. „Нешто поинакво” е првиот соло албум на овој поинаков артист кој на публиката ѝ нуди 10 ново издадени песни и 2 бонус, веќе чуени траки. На албумот покрај Тајзи како текстописец на сите песни, се потпишуваат и нашите музички продуценти Марко Наумовски, Иван Јованов, Јован Јованов, Роберт Билбилов и Нино Васков.

Носечката песна на албумот се вика „Пишано е”, за која веќе е снимен видео запис кој ќе се промовира другата недела. До тогаш, слушнете ја оваа заразна песна на која ѝ е пишано да стане хит на нашите радио станици.

 



Врати се горе ↑