Свет brunomars_img_3885

23 октомври, 2012

Во подготовка новиот албум на Бруно Марс

Американскиот пејач и текстописец кој се прослави пеејќи дека сака да стане билионер,  Бруно Марс го подготвува неговиот втор студиски албум. По неговото првенче „Doo-Wops & Hooligans“ со којшто постигна огромен успех, во декември ќе го објави неговиот следен музички проект, албумот со наслов „Unorthodox Jukebox“.

Што се однесува на темата на албумот, Марс изјави дека секогаш се згрозувал кога морал од одбере еден жанр или тип на музика. Тој рече дека овој албум ќе биде мешавина од повеќе звуци и дека кога ќе влезе во студио сака слободно сам да одбери што ќе снима тој ден во зависност од расположението. На албумот ќе се најдат 13 нумери, а најавниот сингл кој излезе на почетокот на месецов е нумерата „Locked Оut of Heaven“ . Песната неодамна доби и свој видео запис, кој можете да го погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑