13 април, 2013

Во новиот видео запис Псај е далеку од „Џентлмен“

Корејската сензација се гордее со тоа што „се облекува отмено, а танцува смешно“, но неговото однесување не е ни малку отмено во новиот видео запис за синглот кој го претстави вчера. Наместо „Џентлмен“, Псај се шегува со девојките со кои оди на состанок, тргајќи им ги столиците за да паднат, кради фудбалски топки од мали деца, но налетува и на „еднаква на себе“. Корејската поп пејачка Га му ги прави истите шеги и му враќа во иста мера.

Ќе препознаете некои од ликовите кои се појавија и во претходниот хит, а времето ќе покаже дали и овој нов „танц“ ќе стане вирален хит. Погледнете како изгледа сето тоа горе.



Врати се горе ↑