Концерт zlatno-slavejce

30 октомври, 2012

Во ноември, новото издание на „Златно славејче“

Најпрестижниот детски фестивал во Македонија, Златно Славејче ја резервираше Универзалната Сала за најмладите во пресрет на 42-то издание на фестивалот. Оваа година златните славејчиња ќе ги претстават најновите детски хитови во периодот од 9 – 14 ноември.

За таа цел, подготвени се нови, досега необјавени 16 композиции во придружба со кореографија како што впрочем и доликува на овој најстар фестивал на детска песна во регионот.

Претставите се закажани од 11:00h и 13:00h, важи за секој ден во периодот од 9-14 ноември.

 



Врати се горе ↑